(Видео) Ердоган со своите телохранители ја демонстрира моќта во Сараево

За време на посетата на Реџет Таип Ердоган на Босна и Херцеговина се појави снимка на која можеше да се забележи како телохранителите трчаа по лимузината во која беа турскиот претседател и неговата сопруга.

Ердоган беше во посета на Интернационалниот универзитет во Сараево, каде што му беше доделен почесен докторат.

Слична ваква слика беше забележана и на 27 април годинава кога 12 телохранители трчаа околу лимузината на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Тогаш севернокорејскиот претседател со својот колега од Јужна Кореја одржа средба, која беше означена како историска.

Scroll to Top