(Видео) Фејсбук го промени името во Мета

Основачот на најпознатата социјална мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг, и официјално го промени името на својата компанија во „Мета“.

Тој уште минатата недела најави дека планира да ја ребрендира компанијата што во своја сопственост ги има и „Инстаграм“ и „Вацап“.

Засега на официјалната фејсбук-страница сè уште пишува „Фејсбук“, но логото сè уште не е променето. Дури ни на вработените во компанијата не им било познато новото име, а со денови се нагаѓало кое ќе биде новото.

Прочуената буква Ф, по која оваа страница беше секаде препознатлива, е заменето со симбол што претставува бесконечност. Потсетува на перек, велат луѓето што се запознати со ребрендирањето.

Единствено што останало исто со стариот бренд е нијансата на сината боја. Цукетберг планира да ја пресели својата компанија од силиконската долина, на она што се гледа како следна страна во дигиталниот свет, а тоа е обединување разни дигитални сетови во нешто што се вика метаверзум.

Во исто време ребрендирањето на „Фејсбук“ може да помогне компанијата да се ослободи или барем да се оддалечи од голем број контроверзии со кои се соочува во последно време.

„Многу размислував за нашиот идентитет. Се надевам дека со време ќе бидеме видени како метаверзална компанија“, рече Марк во јавување во живо.

Scroll to Top