(Видео) ФИФА го избра најубавиот гол на сите мундијали

Голот што Мануел Негрета го постигна на Светското првенство во 1986 година е избран за најубав погодок во историјата на мундијалот!

Токму оваа вест ја објавила ФИФА на својата фејсбук-страница со навивачи од светот, кои можеле да се гласаат за најубавиот гол. Негрете како репрезентативец на Мексико бил стрелец во победата против Бугарија (2:0) во 34. минута од мечот.

Тој зад себе го оставил Бразилецот Едер, кој четири години претходно постигнал маестрален гол против Русите. Исто така, имал повеќе гласови од голот на Пеле против Швеѓаните во 1958 година и голот на Марадона на Англичаните, исто така против Мексико во 1986 година.

Во самиот врв, според гласовите, биле головите на Денис Беркамп во Аргентина во 1998 година, на Макси Родригез против Германија во 2006 година и на Џејмс Родригез против Уругвај во 2014 година

Scroll to Top