(Видео) Филмско бегство од затвор во Бразил

Големо бегство се случи на југот во Бразил кога 12 затвореници успеаа да побегнат од затворот „Пато Бранко“. Тие успеале да ископаат тунел кој минува под ѕидот.

Полицијата успеала да уапси четворица, а другите осумина сè уште се во бегство. Нивната акција, која се случила во вторникот, била снимена од една од безбедносните камери.

Локалните медиуми јавно прашуваат зошто чуварите во затворот порано не реагирале, пренесува РТС. Копањето тунел во затворот „Пато Бранко“ не е прво. И, претходно во август, од овој затвор побегнале 16 затвореници, исто така преку тунел, кој претходно го ископале.

Scroll to Top