(Видео) Француската полиција со шок бомби ги растерува анархистите

Француската полиција растерала стотина еколошки активисти и анархисти во западна Франција, кои го завземале местото на кое требало да се гради нов аеродром, соопштиле денеска од француското министерство за внатрешни работи.

Полицијата фрла солзавец и шок-бомби, додека активистите фрлале со камења.

Во конфликтот на еден полицаец му е повредено окото, а еден демонстрант е уапсен, изјавил изворот од полицијата.

Владата на претседателот Емануел Макрон ги отфрли во јануари плановите за изградба на аеродром вредни 580 милиони евра во Нотр Дам де Ленд, на западот од земјата. Ваквата одлука за многумина експерти претставува чувствителна, особено поради фактот што претходната влада со децении истото вакво прашање го избегнувала.

Тие кои го поддржувале планот, според кој преку аердромот, би требало да минат четири милиони патници годишно, истакнуваат дека проектот економски е зацврстил развојот на регионот Лоар-Атлантик. Дополнителен аргумент кој го истакнуваат е дека постоечкиот аеродром во Нант веќе ја достигнал границата на своите капацитети, и дека претставува безбедносен ризик.

Но, противниците на планот сметаат дека е премногу скап, еколошки неповолен и нагласуваат дека на 110 километри на северот има уште еден недоволно искористен аеродром.

Компанијата „Vensi“ на која и е доделен договор за изградба на аеродромот во Нотр Дам де Ланд, соопштила дека е подготвена да разговара со владата за компензација.

Scroll to Top