(Видео) Ги преживеа шпанскиот грип, Втората светска војна и коронавирусот, дедо го прослави 104 роденден

Бил Лапшиш успеал да го преживее коронавирусот и да го дочека својот 104 роденден. Неговото семејство вели дека тој е многу среќен човек кој во својот живот успеа да го преживее и шпанскиот грип и Втората светска војна.

Бил го прослави роденденот на 1. април со семејството. Имаше торта и балони, но сите се држеле на растојание, како што налагаат мерките за безбедност.

Бил се смета за еден од најстарите пациенти во светот, кој успеа да го победи опасниот вирус. Тој е роден во Салем во 1916 година, а првите симптоми од коронавирусот ги почувствувал на 5. март. Веднаш бил изолиран во својот дом во кој престој во Орегон. Тој беше еден од првите два станари дома, кај кого бил потврден вирусот.

За жал, неговиот другар (90) починал. Вкупно во тој дом за ветерани регистрирани се 16 случаи на зараза. Како што е наведено, Бил ја имал таа среќа да добие поблаг вид на коронавирус, така што воопшто немал потешкотии со дишењето. Неговиот доктор Роб Ричардсон изјавил дека било само прашање на време кога вирусот ќе ги нападне старците во домот. Роб вели дека веднаш ги ограничиле посетите и превземале разни мерки.

Сепак извесни респираторни инфекции се појавиле на почетокот на март, па Ричардсон се посомневал дека има „Ковид-19“. Двете сестри кои биле во контакт со нив, развиле слични симптни, но кога направиле тестирање, ги одбиле затоа што немале сериозни симптоми. Подоцна се испоставило дека и двете се заразени.

На прашањето на внуците како Бил успеал да го победи коронавирусот, тој им одговорил дека не знае. Но, ако седиш во домот, сè можеш да преживееш. Бил се потсетил на времето кога ја преживеал шпанската треска која во светот уби меѓу 50 и 100 милиони луѓе.

Потоа се соочил и со Големата депресија која ѝ се случи на Америка во триесетите години од минатиот век. Во 1939 година се оженил со Дени Бутел, со која бил во брак, сè до нејзината смрт во 2001 година. Може да се рече дека има многу среќни, затоа што го преживеал и коронавирусот, кој статистички гледано, е особено опасен за постарите луѓе.

Scroll to Top