(Видео) Го оставила бебето во автомобил на 35 степени и не давала да го скршат стаклото за да го спасат

На социјалните мрежи се шири видео од Кина во кое жена си го заборавила своето бебе во автомобилот, а потоа не им дозволила на пожарникарите да го скршат стаклото и да го спасат.

Вратите биле заглавени, а во автомобилот температурата достигнала и преку 35 степени Целзиусови. Видеото е снимено во кинеската провинција Жејанг. Додека пожарникарите се обидувале да го извлечат нејзиниот син и да го спасат, таа им викала да не го кршат стаклото.

Им објаснила дека браварот е на пат и дека наскоро ќе може да ја отвори вратата, без никакви последици. Голем број  луѓе ги изненадила постапката на жената и многумина коментираат дека таа не размислувала дека секоја помината секунда може да биде кобна за нејзиното дете, пренесува „Дејли мејл“.

„Тоа не е мајка. Таа не заслужува да биде мајка. Таа е убиец“, стои во еден од коментарите. Други пишуваат дека таа не била мајка туку маќеа, штом повеќе ѝ било грижа за автомобилот отколку за детето.

Локалните медиуми пренесуваат дека пожарникарите се обидувале да ја убедат да им дозволи да го скршат стаклото и да го спасат детето кое плачело.

Прво го скршиле стаклото од предната, совозачка страна, а потоа ја отвориле задната врата и го извлекле двегодишното дете, кое било црвено и испотено. Снимката станала вирална низ кинеските интернет-платформи.
Scroll to Top