(Видео) „Годзила против Кинг Конг“ ги руши сите рекорди на гледаност во пандемија

Филмот „Годзила против Кинг Конг“ ги сруши сите рекорди на гледаност и заработка во киносалите и покрај пандемијата со коронавирус. Викендов филмските компании Warner Bros и Еntertainment заработија 32 милиони долари.

Во првите пет дена на прикажување во киносалите низ САД, компаниите заработија 48,5 милиони долари. Филмските работници велат дека овој филм покажал дека луѓето полека се подготвени да  се вратат во киносалите. Може да се гледа и на „ХБО“. Засега не е познато колку го гледале.

„Иако ова е само половина од она што би било во нормални околности, ова се јасни позитивни показатели дека одењето во кино има свои силни страни кои не исчезнуваат“, изјавил Дејвид А. Грос, раководител на филмската консултантска фирма Franchise Entertainment Research.

Повеќе од 50 отсто од кината во САД се отворени, но многумина, вклучително и оние во Њујорк и Лос Анџелес, работат со намален капацитет поради безбедносните протоколи.

Scroll to Top