(Видео) Гори небодер во Дубаи

На врвот на небодерот во Дубаи избило пожар, поради што зградаа од 68 катови морала да биде евакуирана, а нема податоци за повредени.

Пожарот избил на самиот врв на кулата Алмас во, а итните возила за помош и пожарникарните служби веднаш стигнале на лице место.

Службата за соработка со медиумите и властите во Дубаи, соопштиле дека станува збор за помал пожар и дека зградата безбедно е евакуирана, но не ги навела причините за пожарот.

Претходно во истата зграда, висока 360 метри, била одржана конференција за новиот глобален трговски ред. Во небодерите, кои во Дубаи ги има во изобиле, досега се забележани низа на пожари.
Најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати, минатата година усвоил нови прописи поврзани со противпожарната заштита, со барање за лесно запаливиот градежен материјал се замени со облога отпорна на пламен.
Scroll to Top