(Видео) Гори Светскиот трговски центар во Брисел

Денеска изгоре дел од зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Пожарот избувнал во техничката просторија на 27. кат на облакодерот во Белгија.

На терен веднаш излегле противпожарникарски служби. Сведоци говорат дека забележале густ црн чад, кој се издигнал во воздухот и можел да се види од голема далечина. Наредникот на пожарникарската бригада, Берт Бругхеманс, изјавил дека се работи за сериозен пожар.

Како што е наведено во соопштението до јавноста, пожарот избувнал кога се запалил изолацискиот материјал, но, за среќа, нема повредени во незгодата.

Кулата во моментот не се користи затоа што се реновира, а во моментот на избувнување на пожарот биле присутни само неколку работници, кои успеале да се евакуираат навреме.

Scroll to Top