(Видео) Гости во утринската емисија на „Пинк“ покажаа како се користи вибратор

Во утринската програма на ТВ „Пинк“ пред неколку дена тема беа сексуални помагала, со оглед на нивната зголемена популарност во Србија. Гостите одговараа на прашања за тоа како сексуалните помагала  влијаат на сексуалноста и дали тоа е табу-тема во Србија.

Гости во емисијата беа професорот Александар Милошевиќ, сексологот Даниела Тивосављевиќ и стриптизерката Бранка Блек Роуз.

„Жално е во 21 век сексуалните помагала да бидат табу-тема. Морам да напоменам дека уште од времето на Хипокрит постојат сексуални помагала, кои тогаш се користеле за лекување хистерични жени“, рекла Бранка Блек Роуз.

Таа потоа претстави повеќе сексуални помагала, од камшици до вибратори, и детаљно објасни како и за што се користи секој од нив.

Реакциите на социјалните мрежи беа негативни.

Scroll to Top