(Видео) Градоначалник ги повикал сите да останат дома, па отишол на пиво

Градоначалникот на градот Варнамбул во австралиската држава Викторија, Тони Херберт, е казнет поради кршење на мерките против ширење на коронавируот. Тој бил сликан како пие пиво на улица.

Камерата го фатила додека стоел пред еден хотел со уште тројца луѓе. Херберт изјавил дека бил убеден дека се однесува во рамки на законот.

Полицијата го казнила градоначалникот со 1043 американски долари. На фотографијата која ја направил еден случаен минувач, се гледа како градоначалникот пие пиво од шише, стоејќи покрај својот службен автомобил.

Неколку часа пред градоначалникот да биде снимен, тој преку снимка јавно ги повикал своите сограѓани да останат дома.

Scroll to Top