(Видео) „Гробарите“ ја истераа полицијата од јужната трибина

Неверојатната сцена на стадионот на Партизан. Навивачите на клубот од Хумска успеаја да ја истераат полицијата од јужната трибина.

Фудбалерите на Партизан го совладаа тимот на Чукарички со 2:1, а мечот во Хумск го обележа бизарниот настан на јужната трибина.

Дошло до конфликт меѓу загреаните навивачи на Партизан и припадниците на полицијата. Во еден момент „гробарите“ тргнаа во јуриш и буквално ги истераа припадниците на полицијата од трибините.

Полицијата реагирала мирно и не дошло до физички конфликт откако службите се повлекле од трибините.

Scroll to Top