(Видео) Грците со песна од „Битлси“ натераа турска подморница да се предаде

Грчката поморска флота со песна од „Битлси“ го приморале екипажот од турската подморница да се предаде, пренесуваат грчките медиуми.

Минатата недела турската подморница од типот 209 мислела дека целокупната грчка поморска флота ќе биде на подрачјето каде Турција илегално изршува сеизмички истражувања и дека ќе следи дали нивниот брод „Оруч Реис“ ќе ги стави каблите на грчка територија.

Нивниот план бил илегално да допловат во близина на Евија, островот поврзан со копното на Грција. Наместо тоа, како што известува грчки „Сити Тајмс“, турската подморница целата ноќ била набљудувана со хеликоптер од грчката морнарица, а потоа била открина и од грчките противподморници, кои поради развиената технологија се невидливи за Турците.

Турската подморница цела ноќ била бомбардирана со гласни сонарни бранови/фреквенции, од страна на грчките противподморници. Таквите звуци ги исплашиле Турците.

Всушност грчките противподмрници ги исмевале Турците, пренесуваат грчките медиуми. Тие не само што ги бомбардирале со високи фреквенции кои ги пробиваат ушните тапчиња, туку и пуштале музика од познатата песна на „Битлси“, „Жолта подморница“.

Капетанот на турската подморница бил толку исплашен од високите фреквенции, од кои некои звучеле и како бомби, што бил приниден да испали ракета, што на јазикот на подморницата едноставно значи предавање.

 

Scroll to Top