(Видео) Хрватска гимнастичарка паднала на глава и го загубила сеќавањето

Најдобрата хрватска гимнастичарка, Ана Ѓерек (19), на тренингот паднала на глава и доживеала сериозен потрес на мозокот.

Девојката од Сплит во понеделникот во салата за гимнастика во обид да прескокне паднала на глава и доживеала потрес на мозокот.

Младата гимнастичарка итно е пренесена во болницата во Сплит, каде ѝ е укажана лекарска помош, а во текот на денот ќе бидат направени детални испитувања.

„Беше тоа еден обичен скок, кој не требаше така да заврши. Ана се загреваше со тренерот. Во еден момент изгледаше како да се откажа од половина од скокот и падна право на глава“, вели тренерот на Ана, Иво Борозан.

Од силата на ударот, Ана го загубила паметењето.

„Сите веднаш дотрчавме до неа, беше зашеметена. Не ни помислуваше дека се случува нешто сериозно затоа што сама замина во соблекувалната. Но, откако била примена во болница, Ана не можела да се сети кој ден е, ниту дали била на Олимписките игри. Делови од меморијата целосно ѝ биле избришани“, изјавил тренерот.

Ана е најдобрата хрватска гимнастичарка. Учествувала на ОИ во Рио, а пред месец дена освоила и злато на Светскиот куп во Баку во вежбите на партер.

Scroll to Top