(Видео) Играч на ПСЖ спречи чист гол за својот тим

Фудбалерите на францускиот шампион Пари Сен Жермен не успеаа да остварат победа против тимот на Стразбур, поради бизарниот потег на напаѓачот на Парижани Ерик-Максим Чупо-Мотинг.

Натпреварот заврши нерешено 2:2, откако несреќниот напаѓач во 27 минута наместо да ја пропушти топката да ја мине гол линијата, тој со својата нога спречи чист погодок. Претходно неговиот соиграч Нкунку го матираше противничкиот голман Селса, но гол-технологијата покажа дека топката не ја минала гол-линијата.

Со неверојатниот потег Чупо му ја ускрати можноста за водство на својот тим, поради што стана предмет на жестоко исмејување на социјалните мрежи.

„Прво мислев дека Нкунку ќе ми асистира, но тој шутираше. Противнички играч влезе со лизгачки старт и мислев дека ќе го блокира ударот, меѓутоа топката помина, а јас помислив дека можеби бил офсајд. Сè се одвиваше многу брзо. Ја допрев топката и завршив некако во мрежата. Жал ми е“, рекол напаѓачот на ПСЖ.

Мотинг беше стрелец на првиот погодок за ПСЖ. Да Кошта изедначил во 26 минута, по што во следнот напад офанзивецот на Парижани, ја направи големата грешка. Гонкалвеш ги казни ПСЖ и направи пресврт во 38 минута, додека конечните 2:2 ги постигна Керер во 82 минута.

Scroll to Top