(Видео) Илон Маск испрати во орбитата нови 60 сателити

Основачот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, испрати во орбитата нови 60 сателити. Неговиот голем план да обезбеди брз бежичен интернет во најодалечените делови на Земјата, со помош на неговите сателити, наскоро би можел да се оствари.

Вселенската компанија „Спејс екс“ неделава лансираше во орбитата серија на 60 сателити Starlink, со што нивниот вкупен број сега достигна 700. Маск, како извршен директор на компанијата, тврди дека тоа е доволно за покренување на бета верзија од неговиот брз интернет.

„Еднаш кога овие сателити ќе ја достигнат целната положба, можеме директно да покренеме бета-верзија на интернет на северна Америка и да се надеваме дека истото ќе го постигнеме и на југот од Канада“, напишал Маск на „Твитер“, додавајќи дека неговиот брз бежичен интернет потоа може да стигне и до другите земји, во рамки на потребните регулаторни одобрувања.

Маск не прецизирал кога сателитите ќе ја достигнат целната положба, додека астрофизичарот Џонатан мекдауел, од харвардскиот Центар за астрофизика, тврди дека тоа нема да се случи пред февруари 2021 година.

Маск во април изјавил дека бета-верзијата на интернет ќе почне на есен оваа година, но најверојатно ќе се случи во наредните неколку месеци.

За потсетување, крајната цел на Маск е да им овозможи на сите луѓе на Земјата да имаат пристап до брз бежичен интернет, па дури и во најодалечените и најсиромашни делови на земјата. Тоа е од големо значење за оние земји кои сè уште ја немаат изградено потребната инфраструктура за на населението да му овозможат пристап на мрежата.

Scroll to Top