(Видео) Илон Маск лансира уште 60 сателити во орбитата

Компанијата на милијардерот Илон Маск, „Спејс икс“, денес лансира уште 60 сателити „Старлинк“, дополнително зголемувајќи ја својата вселенска интернет-мрежа. Тоа беше дваесеттото успешно лансирање, а бројот на сателити „Старлинк“ во орбитата порасна на 1.124.

Неговата цел е да лансира повеќе од 40.000 сателити, кои пренесуваат интернет до корисниците во светот, а во моментот услугата на вселенскиот интернет ја користат околу 10.000 луѓе.

Компанијата го лансира својот прв сателит во орбитата во 2018 година. Целта на мисијата била да им овозможи на луѓето во подрачјата со ниска до умерена густина на населеност во светот пристап до брз интернет, вклучително и луѓето што никогаш претходно немале пристап до интернет.

Scroll to Top