(Видео) Индија: Собрал луѓе во џамија, над 1000 се заболеле од коронавирус

Мухамед Саад Кандалви, лидерот на муслиманската група Таблиги џамат, е обвинет за убиство во Индија, откако одржал собир во Њу Делхи, по што дошло до масовна зараза на луѓето со коронавирус.

Полицијата навела дека Кандалви ги игнорирал двете предупредувања за организирање на собир во џамија во главниот град во март.

По собирот, се верува дека 1023 лица ширум 17 држави се заразиле со коронавирус од странците кои присуствувале на истиот. Саад и неговата група ги негирале ваквите обвинувања.

Обвинувањата против него се подигнати додека се наоѓал во самоизолација и тој нема да може да бара кауција. Полицијата навела дека собирот во областа Низамудина, во Њу Делхи, кој почнал на 3. март, не завршил ни кога Индија, на 24. март, вовела рестриктивни мерки во земјата.

Но, тие наведуваат дека ги откажале собирите и ги замолиле сите да си заминат, откако индискиот премиер Нарендра Моди, најави воведување на полициски час на 22. март.

Scroll to Top