(Видео) Индијанско племе ја блокираше Канада

Демонстранти во Канада денеска ја блокираа железничка пруга на влезот во градот Ванкувер, како и уште еден автопат во Квебек. Демонстрантите протестирале поради апсењето на десетте припадници на домородската заедница, кои три недели ја држеле под блокада пругата на југот од градот Онтарио.

Полицијата во понеделникот уапсила некои од демонстрантите од племето Махавк, на територијата Тјендинага Мохавк, чии припадници ја блокирале пругата во знак на поддршка на припадниците на племето Вет’сувет’ен од Британска Колумбија. Сите тие сакале да го спречат поставувањето на гасоводот на нивното земјиште.

Пругата била блокирана на раскрсниците на три прометни линии на Канадската национална железница и за патнички и за товарн сообраќај. Групата, која себе на „Фејсбук“ се нарекувала „Вет’сувет’ен сила: Солидарност Хамилтон“, соопштила дека полицијата на нејзините припадници им врачила налог да ја тргнат блокадата, која тие ја запалиле.

Денешните протести се дел од се потензичните несогласувања меѓу властите и поглавицата на племето Вет’сувет’ен, кои веќе со децении се борат против изградбата на гасоводот. На нив им се приклучиле и припаднци од други домородски заедници, како и климатски активисти ширум Канада.

Scroll to Top