(Видео) Избега од затвор како на филм

Филмско бегство од затвор се случило пред неколку дена во Окружниот затвор во округот Портер, во американската држава Индијана. Мајкл Малдонадо (25) е уапсен во понеделникот и е однесен во затвор.

Но, Мајкл го искористил моментот на невнимание на полицијата и кога возилото се паркирало во затворската гаража, искочил и избегал низ вратата што се затворала.

Поради тоа што вратата веќе се затворила, полицијата не можела да го фати.

Малдонадо последен пат е виден во црна маица и тренерки, без чевли и со лисици на рацете.

 

Тој е уапсен и обвинет за пружање отпор во текот на апсењето и повреда на службено лице, како и за поседување хиподермичка игла, што во Индијана се смета за казниво дело.

 

Scroll to Top