(Видео) Избрана најдобрата рок-песна на 21 век

Повеќе од 60.000 читатели на списанието „Класик рок“ ја избраа песната I Believe In A Thing Called Love на групата „Даркнес“ за најдобра рок-песна на 21 век. Таа има преку 20 милиони прегледи на Јутјуб.

На второто место се најде песната Rock N Roll Train од Еј-си/Ди-си, а на третото е Blackbird од рок-бендот „Алтер бриџ“.

Песната I Believe In A Thing Called Love е снимена 2001 година, а на врвот на топ-листите се појави дури во 2003 година. Пејачот Џастин Хокинс бил гол додека ја снимал.

„Бев гол во студиото. Сакав да видам дали тоа ќе помогне, затоа што се мачев со вокалот, а подоцна го сторив тоа за да му биде непријатно на тапанарот Ед Греам. Потоаа стана традиција. Можеби само се глупирав, ама тоа е дел од мојата работа“, рекол Хокинс во интервју.

Scroll to Top