На Тибет е отворен тунел на 4750 метри надморска височина, што претставува највисикиот тунел изграден во светот. Тунелот кој е направен со две ленти е долг 5,7 километри и е дел од автопатот долг 400 километри кој ги поврзува тибетската престолнина Ласа со југоисточниот дел на земјата.
Изградбата на тунелот почнала во 2015 година на 5018 метри високата планина Мила. Завршила дури во понеделникот. Во изградбата учествувале 2000 работници. Со изградбата на овој тунел патот кој ја заобиколувал планината Мила висока 5,7 километри, бил скратен за 18 километри.
Гонг Бин, извршниот директор на проектот, изјавил дека во текот на градбата остварени се повеќе од 10 технолошки потфати, како што е подобрување на прецизноста на прегледот во планинскиот тунел во екстремно студените временски услови и на големи височини.
Освен неповолни услови во зима и недостатокот на кисородот, изградбата на тунелот барала и дру тип на предизвици како што е превозот на градежниот материјал и други предмети за градилиштето.
„Работевме тука повеќе од четири години и живеевме во импровизирани населби на влезот во тунелот“, изјавил претставникот на градилиштето.