(ВИДЕО) ЈАДАН МОЈ БОБО! – Питон ја проголтал мачката, а газдарицата кога влегла во кујната малку фалело да поврати

Иако биле петмина, мажите едвај успеале да ја изнесат змијата во дворот.

Питон долг пет метри во средата вечерта допатува во семејниот дом во провинцијата Патхум Тхани, северно од италијанскиот главен град Бангкок. Пред да неприметно се сметсти под кујнскиот судопер, змијата во дворот ја зграбчила и проголтала мачката, миленикот на 59 годишната Савоарак Чароен.

„Влегов во кујната и видов под судоперот дека плакарот е отворен. Кога се приближив забележав џиновски опаш. Се уплашив и веднаш повикав полиција. Ми се пресекоа нозете кога ми рекоа дека питонот од пет метри ми го изел миленикот“, вели шокираната Саоварак на локалните медиуми.

Кога двајцата полицајци и тројцата вработени во здружението за заштита на животни дојдоа во неговата куќа, питонот веќе бил замотан околу судоперот, и таман почнал да ја вари тригодишната мачка тешка три килограми.

„Го закопав во дворот. Јадан мој Бобо, не можам да верувам дека го нема повеќе“, изјави неутешената сопственичка, кој има уште две мачки.

Полицијата по акцијата, змијата ја пуштиле во дивината.

Погледнете го видеото:

 

 

Scroll to Top