Суперјахтата Go, вредна 75 милиони евра, е снимена како удира во едно луксузно пристаниште на Карибите. Инцидентот се случил во средата. Јахтата удрила пристаништето и ги уништила неговите бетонски делови. Причина за несреќата била компјутерска грешка, велат надлежните.
Суперјахтата има хелидром, место за слетување на хеликоптерот, базен, па дури и сопствена болница. Засега не е познато колку ќе чинат нејзините и поправките на марината, но се сигурно е дека тоа ќе трае со месеци.