(Видео) „Југо“ се појави во емисијата „Топ гир“

Повеќето љубители на автомобилите и брзото возење сигурно гледале некои, ако не и сите популарни емисии од „Топ гир“, во која водителите на малку поинаков начин ги покажуваат перформансите како на автомобилите така и на другите возила.

Сега веќе дамнешната екипа на „Топ гир“, од 1986 година, го претставила и „југото 45“.

Екипата тогаш ги претставила четирите евтини семејни автомобили произведени во Источна Европа.

Покрај „југо 45“, кој се произведувал во Крагуевац, претставени се и „лада рива“ од Русија, чешката „шкода 105S“ и полскиот „фиат FSO 125“.

Дека прочуеното „југо“ привлекувало внимание подоцна покажале некои од наредните епизоди на оваа култна емисија.

Погледнете како во дамнешната 1986 година било оценето „југото“ како мал семеен автомобил.

Scroll to Top