(Видео) Камила ги изненади возачите на автопат во Москва

Камила предизвика вистински хаос на автопатот во Москва. Животното изненадувачки се појави на асфалтот, а потоа почнала да трча низ сообраќајните ленти. Очекувано, автомобилите кочеле и возеле цик цак за да не ја удрат.

Двогрбата камила е приметена како трча низ повеќе ленти на автопатот, додека возачите биле зачудени од неочекуваниот учесник во сообраќајот кој ги загрозувал останатите. Некои кочеле, а други вртеле за да спречат судар.

Засега останува мистерија како камилата завршила на автопатот, иако некои од локалните медиуми известуваат дека животното веројатно побегнало од циркус, пишува Раша Тудеј.