(Видео) Кампери за малку ќе настрадаа при ерупцијата на Мерапи

Индонезиските власти наредиле минатата недела евакуација на жителите во близина на вулканот Мерапи. Надлежните издале наредба до тамошните жители да ги напуштат своите домови. Аеродромот во најблискиот голем град бил затворен.

Вулканот Мерапи на густо населениот остров Јави е еден од најактивните во Индонезија. Во низата  ерупции пред осум години загинале 340 луѓе.

На „Инстаграм“ е објавено видео од кампери кои прават појадок во планината, под активниот вулкан. Во еден момент вулканот еруптирал испуштајќи дим до небото.

Но, се чини дека предупредувањето на Агенцијата за управување со елементарни незгоди до жителите кои живеат во круг од 5 километри да ги напуштат своите домови со цел да пронајдат засолниште не ги преплашило премногу камерите кои се нашле во близина на вулканот.

Тие, но и преостанатите 120 луѓе кои планинареле на Мерапи се на сигурно.

Scroll to Top