Канадскиот рапер Џон Џејмс Мекмареј (34) загина при снимање на музички спот додека рапувал на крило на авион. Канадската полиција на провинцијата Британска Колумбија соопшти дека Мекмареј загинал додека работел со тимот кој изведувал акробации со леталото во саботата, пренесува „Асошиејтед прес“.
Менаџерот на Мекмареј, Рајан Дероче, рекол дека раперот интензивно вежбал за акробациите, но кога застанал на крилото на авионот тој се накосил на едната страна. Мекмареј тогаш паднал и се фатил за крилото, но не успеал да се додржи. Тој се пуштил од авионот, а кога се обидел да го активира падобранот веќе било доцна.
Паднал на земја и починал на самото место. Авионот и пилотот подоцна слетале безбедно.