(Видео) Кантри-пејачка настапи гола во музичко шоу

Кантри-пејачката Кејси Масгрејвс настапила гола во музичкото шоу „Сабота вечер во живо“. Таа се појавила на сцената само со каубојски чизми и гитара. На публиката им ја испеала песната Justified од својот нов албум.

„Беше гола. Ги презедовме сите мерки на внимателност, но ова првпат се случува во емисијата“, рече нејзиниот портпарол.

По настапот, Кејси повторно се вратила на сцената, но овој пат била облечена во фармерки и кошула. Втората нејзина песна била Camera Roll.

За потсетување, Кејси Масгрејвс е кантри-пејачка, добитничка на повеќе Греми-награди, меѓу кои и онаа за албум на годината и најдобра кантри-песна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A C E Y (@spaceykacey)

Scroll to Top