(Видео) Ќе им ги скршам забите на сите што сакаат да гризат од територијата на Русија

By

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес, преку видеоконференција, им се закани на сите оние што сакаат на каков било начин да отцепат кој било дел од Русија дека ќе им ги скршел забите.

dobivaj vesti na viber

„Сите сакаат нешто да одгризат, но треба да знаат дека ќе им ги скршиме забите за да не може да гризаат“, изјавил Путин.

Тој како пример ги навел разговорите на голем број политичари кои говореле дека богатството што се наоѓа на Сибир било неправедно во сопственост на Руската Федерација. Путин се закани дека Русија нема да остане без одговор на обидите некои да задираат на руската територија.

Претседателот нагласил дека ќе направи сè што е во негова моќ за да ја зачува и зајакне земјата додавајќи дека Руската Федерација ја поседува најсовремената нуклеарна сила за одвраќање на непријателите.

За време на говорот рускиот лидер зборуваше и за честите обиди за клевета и искривување на историјата на Големата патриотска војна вклучувајќи го и перењето на мозоците на младите Руси.

„Постои само една причина да се задржи Русија. Колку е посилна, толку е понезависна и доследно ќе ги брани своите национални интереси. Многу се желбите што сакаат Русија да ослаби и да се дискредитира нејзината вредност“, додал Путин.

 

 

Ќе ви се допадне