(Видео) Кинеските космонаути поминаа три рекордни месеци во вселената

Трите кинески космонаути, Ние Хаишенг, Лиу Боминг и Танг Хунгбо, минаа три рекордни месеци во вселената и сега ја започнаа мисијата за враќање дома. Тие ќе се вратат со вселенската станица Шенжу-12 (Божански брод) која ја изградија.

Кинсеките државни медиуми известија дека космонаутите веќе се откачиле од главниот модул Тјенхе. Државната телевизија CCTV ја известила јавноста дека се очекува денес космонаутите да се вратат на земјата. Капсулата се очекува да се спушти во Монголија, на северот на Кина.

Тимот за потрага и спасување е подготвен, но, официјано не е објавено времето на слетување. Кинеските космонаути поминаа три месеци во вселената и тоа е најдолгата мисија досега.

Сè е подготвено за лансирањето на ракетите за дополнителниот терет за новата вселенска станица. Ракетите ќе се лансираат од вселенскта станица Венчанг на јужниот кинески остров Хаинан. Новиот екипаж во следните недели ќе летаат на вселенската станица.

Нивната мисија се очекува да заврши на крајот на 2022 година. Кина има вселенски мисии планирани за идните децении.

Scroll to Top