(Видео) Кинезите го лансираа својот вселенски хотел

Кина лансираше беспилотен модел кој содржи простории за три лица кои ќе бидат продолженија на трајната вселенска станица, која треба да биде завршена до крајот на 2022 година, пишуваат тамошните државни медиуми.

Модулот под името „Хармонија на рајот“, (Tianhe) е лансиран со „Лонг марш 5б“, најголемиот кинески носач на ракети, од вселенскиот Венчанг центар за лансирање, кој се наоѓа на јужниот остров Хаинан, пренесува „Ројтерс“.

Tianhe ќе ги направи главните живеалишта за тројцата членови на екипажот на кинеската вселенска станица, што ќе трае најмалку десет години.

Меѓународната вселенска станица ја користат само САД, Русија и Јапонија, додека на Кина, со одлука на Америка и е забрането да биде дел од неа (ИСС).

Модулот треба да биде главниот дел кој треба да го создаде стамбениот дел во кој ќе бидат сместени тројца членови на екипажот на кинеската вселенска станица, која е во план да трае најмалку десет години.

Неговото лансирање е првиот од 11-те мисии, кои се неопходни за да се комплетира вселенската станица, која ќе лета околу Земјата на висина од 340 до 450 километри.

Работата на вселенската станица Кинезите ја почнаа пред една деценија во 2011 година и за остварување на овој проект, беа користени вселенските лаборатории „Тјангонг-1“ и „Тјангонг-2“.

Кина направи приоритетно вселенско истражување, со цел да биде водечка сила во полето на вселенското истражување до 2030 година.

Scroll to Top