(Видео) Кловнови во Германија, од автоперална направија циркус

Откако останале без работа, поради пандемијата со коронавирус, група на кловнови во Германија, решиле да отворат автоперална и на тој начин да ги развеселуваат своите сограѓани.

Кловновите од еден циркус во градот Минхен, најдоа начин да не се досадуваат за време на присилниот годишен одмор, кој е предизвикан од забраната за собирање поради пандемијата.

Тие решија да отворат перална за автомобили. Циркузантите, меѓу кои имаше и кловнови, акробати, танчери и танчерки, голтачи на оган, досадната и секојдневна работа на миењето на автомобилите, ја претворија во единствено и живописно искуство за возачите.

Уметниците од циркузот ги изведуваа своите точки, додека им ги переа автомобилите на муштериите.

Еден од акробатите, Свен, изјавил дека немале настап уште од септември минатата година, и дека се радуваат на фактот што на овој начин повторно имаат публика.

Scroll to Top