(Видео) Коала предизвикала верижен судар на автопат

Коала предизвикала верижен судар на автопат во градот Аделаида, најнаселениот град во Јужна Австралија. Животното додека се обидувало да го премине автопатот, предизвикало судар на пет автомобили на пат со шест ленти. Во сообраќајката полесно биле повредени неколку луѓе.

За среќа, животното не е повредено. Надија е жената која ја спасила коалата. Таа излегла од автомобилот, за да види зошто е метеж на патот. Кога ја видела коалата, ја зела и ја завиткала во својот капут.

„Коалата не е повредена“, изјавила Надија, која го однела животното до најблиската бензиска станица и им го предала на спасувачите на диви животни.

Во меѓувреме коалата успеала да излезе од багажникот и да седне на возачкото место.

„Дојде кај мене, па си реков нека остане некое време“, изјавила Надија и додала дека животното некое време седело зад воланот.

Надија открила дека и претходно имала искуство со коалите и научила дека за време на нивно спасување, треба да им се покријат очите за да останат смирени. Коалата подоцна била пуштена во шумата, далеку од автопатот.

Scroll to Top