(ВИДЕО) Комшијата пријавил од третиот кат било фрлено маче – Полицијата затекнала жена со 130 мачки во станот

Француската полиција приведе 60 годишна Парижанка, откако открила дека во станот од 25 квадрати, држи 130 мачки.

Како што јавуваат француските медиуми, во амлиот стан во квартот Монпарнас во Париз, пронајдени се 130 мачки.

Еден од комшиите ја повикал полицијата, откако приметил дека од третиот кат на зградата на улицата било фрлено мачи.

Полицијата по доаѓањето на адресата, утврдила дека во станот живее жена со вкупно 130 мачки.

Полицијата наведува дека од станот се ширел непријатен мирис. по подот на станот имало мачји измет, а во станот немало никакви прехрамбени намирници.

Локалните власти повикале помош од организацијата за заштита на животните, за да ги згрижат мачките, а на вработените им биле потребни четири дена да ги фатат сите животни кои се наоѓаат во станот. Во плафонот се наоѓале дупку и мачките од станот преку нив се доаѓале до таванот.

Минатиот месец во францускиот град Монтро, откриена е жена која чувала 70 мачки во стан од 50 квадрати.

Погледнете го видеото:

Scroll to Top