(Видео) Корејците создадоа вештачко сонце кое е потопло од Сонцето

Корејците успеале да создадат вештачко сонце, кое е потопло од самото сонце. Тие создале нуклеарен фузиски реактор, кој може да постигне температура од 100 милион Целзиусови и да ја задржи оваа темпереатура 20 секунди.

Станува збор за температура која ја има во јадрото на самото Сонце, во неговиот најжежок дел. Корејците велат дека овој проект допрва ќе се развива и дека во иднина ќе се обидат да го зголемат периодот од само 20 секунди и да го продолжат на 300 секунди.

Тие објаснуваат дека наместо стандардните горива за генерирање на енергијата, тие користат нуклеарна фузија. Станува збор за процес кој се случува кога две или повеќе атомски јадра, се удираат со голема брзина во вакумски контејнер.

Ваквата идеја е со цел топлинската да се претвори во електрична енергија. Нуклеарната фузија се случува постојано на Сонцето и други слични ѕвезди кога атоми на водород се фузираат со атоми на хелиум и притоа се ослободуваат температури од гаргантуовски пропорции.

Кога една ѕвезда ќе го фузира сиот свој водород со хелиум, таа се гаси. Поголеми температури има само кај експлозија на ѕвезда, односно супернова, кога се ослободуваат милијарди Целзиусови степени.

 

Scroll to Top