(Видео) Косата на Доналд Трамп од портокалова стана седа

Косата на сега веќе поранешниот американски претседател Доналд Трамп од портокалова, станала седа, пренесуваат американските медиуми. Трамо во петокот вечерта говореше од Белата куќа за коронавирусот и вакцинацијата.

Сепак неговиот говор привлече помалку внимание, за разлика од неговата боја на коса, која повеќе не е портокалова, нешто по што тој беше и препознатлив во јавноста.

За тоа дека на Доналд Трамп за кратко време косата му стана седа во голема мера се расправа и по социјалните мрежи. Многумина коментираат дека тој престанал да ја бојадисува.

Трамп од изборниот ден во САД, во јавноста се појавуваше многу малку. Од тој момент, па сè досега, тој се има променето. Го има променето својот изглед.

Некои забележале дека Трамп повеќе ја нема својата препознатлива руса боја на коса, со портокалова нијанса, па заклучиле дека, затоа што тој повеќе не го бојадисува својот израсток, косата  ја променила бојата во сивоседа.

„Дали е до мене или косата на Трамп оваа недела станала седа? Тажно“, напишал еден од корисниците на „Твитер“, додека друг додал дека секој сака да зборува за тоа како оддеднаш косата на Трамп станала бела како на лист хартија.

Бојата на косата на Трамп отсекогаш била негов заштитен знак и откако се прослави како сопственик на голем број недвижности во Њујорк, пред неколку децении, тој никогаш ја немаше променето русо-портокаловата боја. Поради тоа, сега на многумина им е чуден неговиот нов изглед.

Уште за време на првата кандидатура за американски претседател тој му дозволи на водителот на една емисија да го повлече за коса, за да докаже дека не му е вештачка.

 

Scroll to Top