(Видео) Крава спаси муслиманка, чие семејство сакало да ја убие поради честа

By

Кравата покажа дека има повеќе човечност отколку двете страшни личности што може да се забележат подолу во видеото. Кравата ги нападнала додека го спроведувале убиството што требало да биде извршено поради срамот што девојката му го нанела на семејството.

dobivaj vesti na viber

Убиството поради чест се спроведува кога еден член од семејството или доколку станува група, треба да биде казнета со смрт од страна на семејството или поголемата општествена група поради уверувањето дека жртвата им нанела срам или на семејството или на заедницата.

Најмногу се практикува во Северна Африка, југозападна Азија и на индискиот потконтинент.

Некои од делата, поради кои најчесто се случува убиството, е поради честа, но се случува и поради носење модерна облека од страна на жртвата за која поширокото семејство има одбивност, потоа половиот однос пред бракот, хомосексуалниот однос, користење модерна технологија (мобилни, компјутери и друго), противење на договорениот брак, изборот на брачниот другар неприфатен од заедницата и друго. Сторителите се држат до принципите: Подобро да умре една личности отколку целото семејство да умре од срам.

Муслиманските мажи во Индија се обиделе да ја убијат девојката затоа што побегнала со своето момче без добивање одобрение од својот татко, вујко и постар брат.

Убиството од чест е дело на одмазда, кое обично завршува со смрт, која се практикува со прободување или каменување, и се извршува од страна на машките членови од семејството против женските членови од семејството, кои наводно му нанеле срам на семејството.

Жените може да бидат цел поради убиство од чест од страна на нејзиното семејство од разни причини, вклучувајќи и одбивање да влезат во договрен брак, ако се жртви на сексуален напад, ако бараат развод и од насилниот маж и поради наводната прељуба.

Самата сугестија дека жената се однесува на начин од кој го посрамотила своето семејство често е доволно за да се поведе напад и да ѝ се одземе животот.

Каде во сето ова се правата на животните?

Гледајте го видеото:

Ќе ви се допадне