(Видео) Крокодил изеде маж во Индонезија

Анди Асо Еранг (36) заминал во лов на школки, но неговото семејство никогаш не го дочекало назад.

Неговата рака и нога се пронајдени во стомакот на џиновски крокодил, поради што индонезиската полиција верува дека предаторот го распарчил и изел.

Властите во Бронеу застрелале крокодил долг дури шест метри во близина на брегот на реката каде што два дена претходно исчезнал триесетгодишниот работник на плантажите.

На местото каде што исчезнал полицијата ги пронашла неговите сандали и мотор. Потрагата по несреќното момче е завршена минатата недела, кога се пронајдени неговите екстремитети како пловат низ реката во Калимантана.

Од полицијата изјавиле дека тогаш го здогледале крокодилот во близина и го застрелале.

Кога го отвориле во него пронашле лева рака и нога, за кои се претпоставува дека ѝ припаѓаат на жртвата, а потоа се пронајдени и други остатоци, вклучувајќи ја и главата. Сопругата изјавила дека денот кога исчезнал тргнал во лов на школки за да може да го прехрани семејството.

„Не очекував дека ќе се случи нешто вакво страшно“, изјавила Аниса.

Често се случува во Индонезија животни да нападнат луѓе, особено во подрачјата каде што луѓето ги чистат дождливите шуми за да засадат плантажи на палмино масло, нешто поради што се уништуваат живеалиштата на животните

 

 

Scroll to Top