(Видео) Лавата на Хаваи влезе во електрана

Широката маса на лава влегла во комплексот на геотермалната електрана „Пуна“ на Хаваите, што претставува нова опасност откако претходно била истопена карпа од вулканот Килауеа .

Лавата уништила огромен број на куќи.

Американската агенција за геолошки истражувања USGS наведува дека лавата дошла до електраната, откако во изминатите неколку дена уништила повеќе од десетина имоти кои се наоѓале во близина.

Ерупцијата на вулканот почна на 3 мај, по што властите ги затвориле електраната, од каде биле отстранети 227.000 литри запалива течности и биле деактивирани сите извори на пареа и гас длабоко под земјината површина.

Но, лавата досега никаде во светот нема покриено геотермална електрана, така што потенцијалната опасност засега е непозната.

Мештаните се пожалиле на опасност по здравјето од испарувањето од електраната, откако истата е отворена во 1989 година.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се меѓу 250 и 270 потреси од вулканот Килауеа , а четири ескплозии вчера исфрлиле пепел во висина до 4,5 километри.

Scroll to Top