Ретко кој во поранешната Југославија не возел или во некој момент од животот не поседувал модел „застава 101“, популарниот сто и кец.
Еден од најдолговечните модели од фабриката за автомобили во Крагуевац, „застава 101“, настана врз база на „фиат 128“, со мали измени во задниот дел и петтата врата.
Од фабричката лента излегувала од 15 октомври 1971 година до 20 ноември 2008 година и произведена е во повеќе од милион примероци.
Милонитиот автомобил е произведен во 1991 година, а рекордната годишна произведувачка била во 1979 година кога на монтажните ленти се направиле 88.918 возила од овој тип.
Се произведувал во варијанта со пет и три врати, со мотор од 55 коњски сили и волумен од 1.100 кубика.
Рекламата за овој автомобил била многу популарна во тие години, а во неа „застава 101“ е претставен како автомобил што може да се вози дури и по најголемиот снег и лед.