(Видео) Лимузината на Путин може да издржи нуклеарен удар

Лимузината на рускиот претседател, Владимир Путин, може да издржи нуклеарен удар, пишуваат светските медиуми. Таа добро ми е позната на целиот свет. Се работи за брендот aurus senat и е специјално конструирана за претседателското возење.

Како што пренесуваат светските медиуми, Русите во целиот овој проект вложиле повеќе од 400 милиони долари, а дури и американските новинари истакнале дека е далеку побезбедна од онаа во која се вози американскиот претседател Доналд Трамп.

Сепак, малку се знае за оваа лимузина. Степенот на блиндираност е тајна, исто како и голем број дурги карактеристики што ги има ова возило. Се тврди дека лимузината на Путин може да издржи не само ракетни напади туку и помал нуклеарен удар.

Во опремата има и резерви со кислород и многу работи за кои пошироката јавност не знае. Се прави и цивилна верзија, која чини од 250.000 долари па нагоре.

Постојат две верзии од овој тип. Основата има ознака S600, меѓуосовинско растојание од 3.300 мм и должина од 5.630 мм. Варијантата Л700 е долга 6.620 мм, исто како и претседателската лимузина. Под хаубата има 4,4-литарски битурбомотор со 8 цилиндри, кој специјално за неа го развија од автомобилската компанија „Порше“, со речиси 530 коњски сили и вртежи во еден момент од 880 Nm.

Автомобилот има и хибриден погон, што значи дека располага и со електромотор, а со помош на 9-степен автоматски менувач, развиен во руската компанија „Солерс“ (UAZ), ја пренесува силата на сите тркала. До стотка стигнува за помалку од шест секунди и постигнува максимална брзина, се разбира по електронски пат со ограничување до 250 километри на час.

Лимузината беше посебна атракција на прославата на Денот на победата.

 

Scroll to Top