(Видео) Луѓе во црно со бакљи низ Софија маршираа во чест на генерал-нацист

Со марш низ центарот на бугарската престолнина Софија, над стотина ултрадесничарски екстремисти, му оддадоа почит на бугарскиот генерал Христо Луков, кој во 30-те години и 40-те години од минатиот век, водеше пронацистичка организација.

Младите во темно облечени, носејќи бакљи, прошетаа до поранешната куќа на Ликов, каде положија венец.

Властите во Софија првично го забранија ваквиот собир, но, одлуката била потоа поништена на суд. Градоначалничката на Софија Јордана Фандукова, инсистирала на тоа дека ваквиот собир не му прилега на градот.

Амбасадата на САД во Софија соопштила дека е загрижена поради нетолеранцијата, видена на денешниот собир.

„Генерал Христо Луков бил приврзаник на нацистите, кои промовирале омраза и неправда и не е некој кој заслужува да биде славен“, соопштија од амбасадата.

Scroll to Top