(Видео) Луѓето на Ким Џонг-ун го гланцаа возот на севернокорејскиот лидер

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денеска стигна во Владивосток на својот прв самит со рускиот претседател Владимир Путин. Ким пристигна во Русија со неговиот блиндиран воз. Додека возот сеуште беше во движење, луѓето на Ким го чистеа со крпи. Подоцна севернокорејскиот лидер бил пречекан со воен оркестар.

Ким пристигнал во друштво на своите агенти, кои трчаа покрај неговата лимузина. Севернокорејскиот лидер бил пречекан традиционално со леб и сол. На состанокот со Путин, како што е најавено, ќе разговараат за нуклеарниот проблем на Корејскиот Полуостров.

Ким изјавил дека се надева дека неговиот прв официјален состанок со Путин ќе биде успешен.

„Дојдов во Русија со топли чувства за нашиот народ. Се надевам дека посетата ќе биде успешна и корисна“, изјавил Ким во интервјуто за Русија 24, по неговото пристигнување.

Scroll to Top