Само едно бебе преживеало во пад на мал авион во Колумбија, пренесуваат светските медиуми. Во несреќата загинале тројца луѓе, меѓу кои и мајката на бебето кое го држела во рацете. Таа го заштитила со своето тело, изјавиле луѓето од спасувачкиот тим.
Во несреќата настрадале брачната двојка доктор Фабио Грандас Рамирез, адвокатката Мајрели Дијаз Рохас и нивната дадилка Мурис Маса.
Несреќата се случиле неколку часа откако тие ја напуштиле Санта Марта и тргнале за Гајмарал. Нивниот син Мартин за чудо го преживеал падот, а спасувачките тимови го пронашле меѓу остатоците на авионот.
На самото место ја пронашле мајка му, која го држела во рацете и со своето тело го заштитила од падот. Бебето е во стабилна состојба и веднаш било префрлено во болница.
Tragedia y milagro en Ubaté tras caída de avión: un bebé sobrevivió
Tres adultos murieron en el accidente de la aeronave.“El menor se encuentra estable”. dice el director del CRUE de Cundinamarca – https://t.co/yfc5gaziIn pic.twitter.com/X9DNCqfPG9
— Noticias Caracol (@NoticiasCaracol) October 14, 2020
Властите истражуваат која била причината за падот на авионот со кој управувал Грандас. Тој инаку работел во организацијата која доставувала медицинска и хуманитарна помош на сиромашните луѓето во Колумбија.
Освен синот, кој преживал несреќата, тие имале и ќерка.