(Видео) Мајка во Узбекистан е обвинета за обид за убиство откога ја фрлила тригодишната ќерка во кафез со мечки

Мајка од Узбекистан е обвинета за обид за убиство откога ја фрлила тригодишната ќерка во кафез со мечки. Немилиот настан се случил во зоолошка во местото Ташкент, а бил снимен од безбедносните камери.

Еден од случајните минувачи се обидел да ја спречи жената, но неуспешно. Девојчето паднало на мразот и добило тешки повреди. За среќа, чуварите успеале бргу да реагираат и да ја намамат мечката во затворениот дел од кафезот и да ја заклулат.

„Девојчето падна од пет метри височина. За среќа, не е во животна опасност, но нејзината состојба ја следиме интензивно“, велат надлежните.

На мајката сега ѝ се заканува казна затвор од 15 години.

Scroll to Top