Македонскиот тим во играње кантер страјк денеска го освои златниот медал на Светското првенство на Меѓународната еспорт-федерација.
Тимот составен од Александар Ќулукоски – CacaNito, Јане Апостолоски – aidKiT, Дамјан Стоилковски – kyxsan, Павле Стојановски – stYleEeZ и Кристијан Поповски – FODOR го освоија првото место по победата над репрезентацијата на Романија со 16:10 на мапата „Инферно“ и 16-11 на мапата „Мираж“.
Најдобар резултат од македонската репрезентација оствари Стојановски со 24 убиства и 4 асистенции. Македонија претходно ја победи Украина освојувајќи две од три мапи и со тоа се пласира во финалето на првенството.