Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека не ги прифаќа препораките на властите да се носат маски. Тој за време на посетата на Универзитетот „Клермон Феран“ ја трнал маската и почнал да кашла пред студентите. Неговата реакција предизвика гнев во јавноста.
Les gens prenez exemple sur notre #président #macron.
Avant de tousser, retirez votre #masque anti #Covid_19#COVID19 #coronavirus pic.twitter.com/DfB5bXcZCE
— яévolte fiscale 🇫🇷 #12septembre (@Revolte_Fiscale) September 8, 2020
Твитерџиите го исмеваа, коментирајќи дека ако Французите се обврзани во голем дел од земјата да носат маски во јавност, тогаш тоа правило треба да важи и за него.
Властите во Париз и околните региони ја усвоија мерката за носење маски минатата недела. Ослободени беа само велосипедистите, оние кои вежбаат и децата помлади од 11 години.
Понискиот суд неодамна пресуди дека задолжителното носење маски мора да се намали, односно маски да се носат само за време на поголеми собири.
Повисокиот суд во неделата им отвори можност на властите во градовите самите да наметнат построги мерки, ако истите се кохерентни и ако се применливи за граѓаните.