(Видео) Маж фати во раце девојче што паѓа од 12. кат

Доставувачот Нгујен Нгок Манх, кој чекал да остави пратка во зграда во Кина, спасил девојче што паѓало од 12. кат во зградата пред која стоел. Тој во еден момент погледнал нагоре и видел девојче што виси на балконот. Мажот веднаш истрчал од возилото во кое седел и се обидел да најде начин да го спаси детето.

Тој се качил на натстрешницата во долниот дел од зградата, под местото на кое девојчето се обидувало да одржи рамнотежа. Кога почнало да паѓа надолу, Манх успеал да го фати и тоа паднало во неговите раце.

Видеото од падот на девојчето се појави на социјалните мрежи.

„Слушнав како плаче дете, а потоа и некој како вреска за помош. Кога погледнав низ прозорецот на автомобилот, го видов девојчето што висеше над бездна од 50 метри. Излетав од возилото и почнав да размислувам како да му помогам. Се качив на натстрешницата, но во еден момент и самиот почнав да губам рамнотежа. Успеав да се стабилизирам и детето го фатив во раце“, раскажал тој за локалните медиуми.

Кога го фатил девојчето, мажот сфатил дека му тече крв од устата и веднаш повикал брза помош.

„Не можев да размислувам за тоа што го направив. Штом видов како виси, помислив на ќерка ми и тоа ми даде сила“, рекол доставувачот.

Scroll to Top